Матеј Белистојаноски е eвропски првак во карате
Белистојаноски на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар, го совлада Гркот Георгиос Балиотис со и стана европски шампион.

Матеј Белистојаноски е европски шампион.

Белистојаноски на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар, го совлада Гркот Георгиос Балиотис со 2-0 и стана европски шампион.

Матеј демонстрираше одлична форма, навестувајќи дека годинава може да очекуваме и сениорски успех.
Во предпладневниот дел Немања Младеновиќ освои сребрен медал.
На ЕП настапуваат 1276 каратисти со 1205 натпреварувачи од 47 држави.
Резултати – Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол:
У-21
-67 кг
Матеј Белистојаноски – Микита Бахамолец (ВКФ) 9-1
Матеј Белистојаноски – Ригерс Рами (Албанија) 5-1
Матеј Белистојаноски – Џое Галагер (Шкотска) 4-1
Матеј Белистојаноски – Емин Ежа (Белгија) 5-4
Матеј Белистојаноски – Назари Прањчук (Украина) 5-4
Финале
Матеј Белистојаноски – Георгиос Балиотис (Грција) 2-0



