Златен медал за Идриз Бислими на силниот турнир „Адем Јашари“ во Пеќ!

Idiz Bilosimi i Lama so trenerite vo pec

Боксерoт на БК Шкупи, Идриз Бислими, го освои златниот медал на силниот Меѓународен турнир „Адем Јашари“ во Пеќ, Косово. Бислиме во финалето го совлада шампионот на Албанија, Клевис Врапи.
Вториот наш претставник, Јасин Лама, исто така се бореше во финалето против шампионот на Албанија, Кренар Зенели, и во рамнопрвана борба во три рунди загуби на поени. Така, на Лама сосема заслужено му припадна сребрениот медал.
На турнирот учествуаа репрезентациите на Турција, Германија, Шведска, Бугарија, Хрватска, Македонија, Косово, Чешка, Унгарија и други држави.
Нашите боксери ќе ги водеа тренерите Насер Харуни и Блерим Саити.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО