Златен медал за Бошко Стаменковски на Европското првенство во Нанси-Франција (ВИДЕО)

Бошко Стаменковски се враќа со злато од Нанси, Франција. Стаменковски успеа да подигне 130 килограми во категоријата до 75 кг М2 и неприкосновено го освои првото место на Европското првенство во пауерлифтинг.

Бошко Стаменковски е најдобриот македонски пауерлифтинг натпреварувач и има освоено многубројни медали и соборено европски и светски рекорди.

И овој пат успеа да го освои првото место во огромна конкуренција на повеќе натпреварувачи од цела Европа.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО