Ѕирнете зад кулисите на реваншот меѓу Џошуа и Руиз (ВИДЕО)

Минатиот викенд во саудискиот Дирхјах се одржа голема боксерска манифестација наречена „Судир на дините“.

Во главната борба на вечерта, Ентони Џошуа едногласно го победи Енди Руиз во реваншот и ги врати изгубените титули на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија.

Во воведниот дел од претставата, Филип Хрговиќ го нокаутира двојниот предизвикувач за титулата во тешка категорија, Ерик Молина. Дилиен Вајт го совлада Мариуш Вах, додека дуелот на Александар Поветкин и Мајкл Хантер заврши без победа.

Трикратниот светски шампион во тешка категорија Магомедрасул Маџидов успешно ја прескокна втората пречка во професионалното натпреварување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО