Глори го објави целосниот список на борби за настанот кој го предводат Веховен и Хари

Глори го објави комплетниот список на борби за настанот „Колишн 2“ што се одржува во Арнхем, Холандија на 21 декември.

Главната борба на вечерта е реваншот меѓу Рико Верховен и Бад Хари.

Во првиот дуел пред три години во Оберхаузен, Холанѓанецот славеше со прекин во втората рунда, откако Хари му ја повреди раката.

За разлика од првата во оваа борба ќе се борат во 5 рунди за титулата во тешка категорија. На Верховен тоа ќе му биде девета одбрана на титулата што ја освои во 2014 година против Даниел Гита.

Привремената шампионка во титула и средна категорија Алекс Переира ја брани титулата од 85 килограми против Ертугрул Бајрак.

Настанот на стадионот „Гелредом“ се очекува да го проследат 30.000 гледачи.

Глори: Колишн 2

Рико Верховен – Бадр Хари

Луис Таварес – Стефан Сусперегуи

Мохамед Јараја – Масаро Глундер

Закарија Зугари – Аса Тен Пау

Глори 74 Арнем

Алекс Переира – Ертугрул Бајрак

Серхи Адамчук – Алексеј Улијанов

Мајкл Дут – Ариел Макадо

Итај Гершон – Ли Санџин

Глори 74 Суперфајт серија

Јахфар Вилис – Антонио Плазибат

Донован Висс – Цезар Алмеида

Цихад Кепенек – Нордин Махидин

Кевин ван Хекерен -. Улрик Бокеме

Ји Ксу – Ребека Ирвин]

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО