(ВИДЕО) Рускиот шампион во „шлаканици“ шокантно нокаутиран: Ме стави во кома!

Василиј Хамотискиј, човекот кој стана светски славен како ѕвезда на натпреварите во „делење шлаканици“ во Русија, сензационално беше нокаутиран во неодамнешниот шокантен пораз.

Хамотискиј, кој е фармер и доаѓа од малото сибирско село Иланскиј, стана атракција кога ја освои Руската титула во удирање шлаканици во март 2019 година, за која доби 30.000 рубљи (околу 400 евра).

Но, сега, на последното натпреварување, и за него се најде „јунак“ кој може да го собори, откако по ударот, тој ја загуби свеста и призна дека бил во „мини-кома“ и завршил во болница. Сепак, тој не се лути.

„Тоа беше добар удар, ми се допаѓаше. Малку ме стави на спиење. Можев да продолжам, но веднаш ме изведоа надвор. Можеби сум предобар. Требаше веднаш со цела сила да го удрам и да го смачкам“, вели Василиј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО