Жуниор дос Сантос и Фабрицио Вердум договорија ММА борба во меч без ракавици

Големите легенди на УФЦ Жуниор дос Сантос и Фабрицио Вердум се согласија на ММА борба без ракавици.

Поранешните шампиони ќе се пресметаат на 2-ри септември на промоцијата на Масвидал’с гејмбред барнакел.

„Цигано се подготвува во својот табор за борба против Фабрицио Вердум. На настанот на Масвидал треба да се борат според правилата на Вале Тудо, без ракавици“, потврди Конан Силвеира, шеф на Американскиот топ тим.

Жуниор дос Сантос последната победа ја имаше во март 2019 година кога го победи Дерик Луис со прекин.

После тоа Бразилецот загуби пет меча во низа, последниот пред една година во промоцијата „Игл“ против Јорган де Кастро.

Неговиот сонародник Фабрицио Вердум има два порази, една победа и една откажана борба во последните четири настапи.

Пред три години го победи Александар Густафсон во УФЦ, а последниот меч во мај 2021 година против Ренан Фереира во ПФЛ беше откажан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО