Жорж Сент Пјер станува коментатор во УФЦ

Легендарниот Жорж Сент Пјер ќе ги коментира УФЦ настаните на француски јазик, ијзави Дана Вајт.

Неодамна, Дана изрази желба да организира борба меѓу Хабиб Нурмагомедов и Жорж Сент Пјер. Ова е битката од соништа на Хабиб, кој во октомври влегува во кафезот против Џастин Гејџи.

Нурмагомедов сака да го оствари сонот на покојниот татко, да се бори против Сент Пјер во неговата последна средба. Како и да е, во свој стил, Вајт најпрво се согласи, а сега почна да се спротивставува и рече дека сака Сент Пјер да се пензионира.

„Ајде да видиме што се случува со Гејџи. Прво треба да помине оваа битка. Неодамна го ангажиравме Жорж Сент Пјер да биде коментатор на француски јазик. Повеќе сакам да го видам како коментатор. Не гледаме многу борци кои се повлекуваат кога се на врвот. Сент Пјер го направи тоа. Тој има пари и не му се потребни. Сега тој работи за нас на друго поле и сакам остане во пензија“, рече Вајт.

https://www.instagram.com/p/CCUV3EpJk5r/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CDeUfj1pHRJ/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО