Хабиб Нурмагомедов пак се сретна со принцот на Дубаи

Хабиб Нурмагомедов ужива во своето слободно време во Дубаи.

Непоразениот шампион се уште е во Обединетите Арапски Емирати, каде пред неколку дена неговиот братучед забележа победа за ОАЕ вориорс 12. „Орелот“ повторно се сретна со шеикот Хамдан бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум, кој е принц на Дубаи. Нурмагомедов рече дека секогаш е добро за него кога ќе се сретне со неговиот брат.

На својот профил на социјалните мрежи Хабиб сподели одлични ноќни фотографии од Дубаи додека се возел хеликоптер. Многумина очекуваа Хабиб да пропадне откако почина татко му. Сепак, тоа не се случи и неколку недели по смртта на Абдулманап, Хабиб почна тренинг камп.

Борбата меѓу него и Џастин Гејџи официјално е потврдена за УФЦ 254 во октомври во Абу Даби.

https://www.instagram.com/p/CDjmKjQMacl/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО