Жесток одговор на Хабиб на провокативното прашање како се чувствува

Хабиб Нурмагомедов по победата над Конор Мек Грегор и освојувањето на титулата во лесна категорија стана голема ѕвезда во 2018 година. Постојано е во движење и привлекува големо внимание ширум светот.

Дагестанецот по вероисповед е муслиман и е горд на тоа, но често знае тоа да му направи проблеми. Сепак, Хабиб на провокациите останува мирен, но понекогаш и одговара.

Еден руски новинар му постави провокативни прашања на Хабиб дали го претставуа Дагестан или Русија во окатагонот, а потоа шампионот му одговори на генијален начин.

„Секогаш ја претставував Русија. Секогаш руското знаме е на екранот. Секако во Америка не знаат што е Дагестанец, Чеченија и останато, па ме нарекуваат Русин. Сите ме нарекуваат така. За нив сме една нација, за нив сме исти луѓе. Тоа е многу важно, поради луѓе како тебе. И те молам да не ме прашуваш толку глупави прашања“, рече Нурмагомедов.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО