Конор Мек Грегор: Правам виски и филмови

Ѕвездата на боречките спортови Конор Мек Грегор направи милиони од својата кариера и одлучи да инвестира во свој бренд на виски. Го направи ирското виски „Пропер 12“ кое се купува како леб. Пред една година објави и филм Conor McGregor: Notorious кој покажува како едно сиромашно момче од Ирска станува милионер и мега ѕвезда. Конор, сепак, не планира да престане со правњето филмови и навести дека ќе прави продолжение на филмот од минатата година.

„Ви благодарам што ви се допадна филмот, но чекајте само да го видите продолжението“.

Конор нема да престане со борбите, но нема да престане и да прави филмови и виски:

„Правам виски и филмови“.

Конор Мек Грегор се врати пред неколку месеци и беше поразен од Хабиб Нурмагомедов, но има уште 6 мечеви според договорот и е категоричен дека следната година ќе дели тешки нокаути, како што неодамна изјави на социјалните мрежи. Во моментов, тој е казнет од страна на Атлетската комисија и ќе се појави на сослушување во јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО