АктуелноМеѓународна сценаММА

Вајт: Конор Мек Грегор е неверојатен, но има еден проблем…

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, пак го пофали Ирецот Конор Мек Грегор, суперѕвезда која му носи многу пари на УФЦ.

Првиот човек на организацијата вели дека ќе се обиде да го задржи Мек Грегор колку што може подолго.

„Дали е тешко да се работи со Конор? Да, но тој вреди за трудот. Ако луѓето ме прашаат што е неговиот најголем проблем, тогаш ќе кажам дека тоа е неговото доцнење. Никогаш не е тука на време. Освен тој детал, Конор е неверојатен. Забавен и смешен лик, одличен борец и ако се појавува на време би бил совршен“, кажа Вајт.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON