Жермејн де Рандами ја нокаутира Аспен Лад за 16 секунди (ВИДЕО)

Жермејн де Рандами и Аспен Лад настапија во главната борба на настанот на УФЦ во Калифорнија, а средбата траеше само 16 секунди.

Жермејн прво ја погоди со десен директ и ја испрати Лад во нокдаун, а потоа и со лев и Херб Дин скокна и го прекина мечот, за што беше исвиркан, бидејќи многумина веруваа дека премногу рано ја прекинал борбата.

Победата, сепак, е победа за де Рандами, а тоа е најбрзата победа во историјата на петел категорија за жени. Со оваа победа, Жермејн влезе во серија од 5 последователни победи, а за Ладд ова беше прв пораз во ММА и ја прекина серијата од 8 последователни победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО