Женските екипи во борби и кати ќе се борат за бронзени медали!

Zenksa ekipa borbi Istanbul

Женските екипи на Македонија во борби и во кати во недела ќе се борат за бронзени медали на Европското сениорско првенство во карате во Истанбул, Турција.

Женската екипа во борби на Македонија ги победи Романија со 10-2 и Норвешка со 2-0, а во клучниот меч за влез во финалето потклекна пред репрезентацијата на Хрватска со 2-0. zenska ekipa so pece

Моника и Наташа Стефановски, Симона Заборска и Драгана Тодорова ќе водат тешка борба со репрезентацијата на Турција за бронзениот медал, бидејќи во репасажот ја совладаа фаворизираната репрезенатција на Англија 2-0. За златниот медал ќе соочат екипите на Хрватска – Русија, а во втората борба за бронзен медал ќе се сретнат Австрија и Црна Гора.

Нашите репрезентативки се соземаа по вчерашните настапи, во кои не ги исполнија очекувањата, денес се прикажаа во вистинско светло. Во недела имаат шанса да го донесат првиот медал на Македонија во борби екипно.

Македонија во борби екипно во второто коло се сретна со Португалија, при што мечот заврши 2-2, а понатаму одат Португалците, кои претходно беа подобри од Шпанците.

Нашата репрезентација настапи во состав Симон Антиќ, Иво Цветковски, Берат Јакупи, Виктор Крстевски, Емил павлов, Мартин Несторовски и Тоде Ристески.

Kata tim na EP istanbul

Женскиот ката тим (Пуликсенија Јованосвка, Маријана и Мишела Димоски) имаше добар почеток, совладувајќи го тимот на Англија со 2-0, потоа и Белорусија со 4-1, но во борбата за финалето со сретнаа со секогаш фаворизираниот тим на Германија, од страна на судиите и некои челници на ВКФ, при што беа поразени со 4-1.

Сепак, за нашиот тим, борбата за бронзениот медал е голем успех. Ако го освојат бронзениот медал, тоа ќе биде втор од Европските првенства за женскиот ката тим.

Наташа Стефановска
Наташа Стефановска

Во недела за бронзата ќе се борат со репрезентацијата на Шпанија.

Машкиот ката тим немаше среќа при жребањето и го доби еден од фаворитите за медал Франција, од која пртрпе пораз од 5-0.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО