Павлов/Несторовски: Одиме на медал!

Emil Pavlov vo joj daci

„Стравував“,- отсечно ни рече Емил Павлов веднаш по вчерашните натпревари, откако обезбеди борба за бронзениот медал за утре.

 Павлов го совлада Гркот Михаил со 2-0, потоа со истиот резултат славеше над Александер Хајман (Германија) и Давид Кебучава (Грузија) 2-1, а во клучната борба со Французинот Софина Агужил загуби на судиско изјаснување, бидејќи во регуларниот дел борбата заврши 0-0.

-Во сабота, за бронзениот медал ќе се борам против Шпанецот, Матиас Гарсија Гомез, се надевам дека ќе го победам и ќе го освојам бронзениот медал. Не успеав да ја одбрана титулата, но, како што кажав, би бил задоволен и да сум првите пет, зашто обезбедив настап на Европските игри во Баку. Сепак, се надевам дека ќе биде бронзен медал,- нагласи веќе поранешниот европски првак.

Martin so medal

Вториот наш адут за бронзен медал, Мартин Несторовски, вели дека генерално е задоволен од настапот.

-Најкритично ми беше со Азербејџанецот Атамов во борбата за финалето. Одлучуваа нијанси. Меѓутоа, ништо не е завршено, во сабота одиме на медал, – категоричен е Несторовски.

Несторовски беше подобар од Лари Менгел (Естонија) 1-0, Микаил Давидов (Русија) 4-3, Шахир Атамов (Азербејџан) 0-0 –со судиско изјаснување, а за пласман фо финалето беше поразен од Слободан Битевиќ од Србија со 1-0.

За бронзен медал ќе се бори со победникот од мечот Филипе Реис (Португалија) и Морено Шепард (Холандија).

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО