Мејведер не сака да плаќа глоба од 5 милиони долари за позитивен допинг тест! (ВИДЕО)

Mejveder so prst

Флојд Мејведер (САД) ја отфрлил казната за позитивен допинг тест пред и по натпреварот со Мани Пакијао (Филипини).

За време на преговорите од штабот на Филипинецот настојувале да има санкција во износ од 5 милиони долари, сума што ќе да биде платена на другиот боксер доколку биде утврдено присуство на недозволени супстанци. Советникот на Пакијао, Мајкл Конц, се нафарли на Мејведер, но веднаш му контрираа.

„Слична клаузула коментираше со недели – беше одговорот на извршниот директор на „Мејведер промоушнс“, Леонард Елерби.

– Штом се претпоставува дека си менаџер, тоа подразбира дека треба да си го прочитал договорот пред да му дозволиш на твојот боксер да потпише. Затоа мислам дека Мајкл Конц е најголемиот идиот во боксот“.

Друга интересна подробност во однос на допинг контролата за натпреварот на 2 мај е дека боксерите ќе дадат по два вонредни тестот пред самиот натпревар. Примероците ќе бидат земени од Американската анти- допинг агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО