Жакар Соуза разочара и загуби во дебито во полутешка категорија (ВИДЕО)

Бразилскиот ММА суперѕвезда ги разочара своите фанови во дебито во лесно-тешка категорија. Тој отстапи пред Јан Блахович во главниот меч на УФЦ во Сао Паоло со одлука на судиите од 1-2.

Соуса беше поагресивен борец скоро во текот на целиот меч, но неговите напади беа провидни. Бразилецот никогаш не успеа да го доведе мечот во партер, ниту еднаш.

Блахович парираше на сите обиди за соборување и од дистанца вешто задавше точни удари со раце и нозе.

Борбата помина во многу бавно темпо. Фановите ги свиркаа двајцата борци скоро во целата средба.

Со победа, Блахович наскоро сигурно ќе биде во Топ 5 во лесно-тешка категорија. По средбата, Полјакот го предизвика шампионот Џон Џонс.

https://www.youtube.com/watch?v=QckXC3vDjNo&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО