Џошуа се уште има мозочен удар, тврди боксерски ветеран

Ветеранот во средна категорија Габриел Росадо ја коментираше претстојната борба на 7 декември во Саудиска Арабија меѓу Енди Руиз и Ентони Џошуа.

Руиз го шокираше светот во јуни, поразувајќи го Џошуа во Њујорк. Руиз успеа да се опорави од раниот нодаун и брутално да го порази Англичанецот во седмата рунда.

Во меѓувреме, се обелодени дека Џошуа излегол да се бори со потрес на мозокот, што очигледно предизвикало уште поголема штета.

Реваншот се очекува со големо нестрпеление од сите.

Росадо очекува продолжението да биде многу слично на нивниот прв меч. Ветеранот не смета дека Џошуа ќе може да ги направи потребните промени за да си ги врати титулите.

„Мислам дека Руиз ќе го победи. Тој му влегол под кожата. На начинот на кој зборува Џошуа, мислам дека тој сè уште има потрес на мозокот.

Џошуа не му ја дава заслужената почит на Руиз. Тврди дека станува збор за среќен удар. Но, мечот траеше седум рунди. Тоа беше надмудурвање во неколку рунди. Многу повеќе од среќен удар.

Мислам, го потценуваат Руиз заради неговиот изглед. Сепак, тој човек може да се бори. Го има тоа во рацете. Силен е и може да удира“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО