Закажан спектаклот Вајлдер-Фјури за 22 февруари

Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури дефинитивно го договорија реваншот на 22 февруари во Лас Вегас за појасот на ВБЦ во тешка категорија, кој во моментов го има Американецот.

„ЕСПН“ доби потврда од двете страни, па сигурно ќе гледаме уште еден спектакл меѓу двата боксери.

Овие двајца борци се пресметаа во декември 2018 година, кога Фјури доминираше, но на крајот Вајлдер се извлече и мечот заврши нерешено.

Вајлдер во саботата го нокуатираше Луис Ортиз и ја одбрани титулата, додека во септември Фјури со многу мака излезе на крај со Ото Валин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО