Хабиб и Тони Фергусон во петиот обид треба да се пресметаат на 18 април

Борбата за која сите во УФЦ се подготвуваат речиси пет години, конечно ќе се случи во на 18 април 2020 година во „Барклис центарот“ во Бруклин.

Веста прв ја објави новинарот на ЕСПН, Брет Окамото, а потврда стигна и од првиот човек на УФЦ, претседателот Дана Вајт.

Нурмагомедов веќе го потпишал договорот, потврди неговиот менаџер Али Абделазиз на Твитер.

Фергусон уште нема ставено потпис, но Вајт нагласи дека „не очекува никакви проблеми“.

Двајцата ММА борци се обидуваа да договорат борба речиси пет години. Дагестанецот се повлече два пати поради повреди, во 2015 и во 2017 година, а Фергусон не можеше да влезе во октагонот поради повреди во 2016 и во 2018 година.

Оваа борба ќе биде соочување на двајца борци кои во моментов важат за најуспешни во УФЦ.

Нурмагомедов е непоразен со 28-0, а Фергусон има скор од 25-3.

Фергусон се повреди на ТВ-сет во 2018 година, кога се сопна на жица и поради тоа не можеше да ја брани титулата што ја освои со победа над Кевин Ли. Нурмагомедов во борбата за титулата славеше против Ал Јакинта, а потоа успешно ја одбрани титулата против Конор Мек Грегор и Дастин Пориер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО