Победи на Ѓоргиев и Грзодановски на Светското кик бокс првенство, Михајловски оштетен (ФОТО)

Димитар Ѓоргиев и Климент Гроздановски стартуваа со победи во кик лајт на Светското сениорско првенство во Анталија,Турција, а на Стефан Михајловски борбата заврши нерешено, но загуби со прегласување одлука на судиите.

Во наредната борба Ѓоргиев се среќава со Михаел Голоб од Австрија, со победа влегува во полуфиналето и обезбедува најмалку бронзен медал. Грозадновски во четвртфиналето ќе се бори со Ањело Јаноне од Италија, за да обезбеди полуфинале и сигурна бронза.

„Димитар многу лесно ја водеше борбата и воопшто не се трошеше без потреба. Од почеток до крај ја имаше комплетно под контрола борбата.

Климент победи со прекин поради голема разлика во бодови.

А Стефан водеше во текот на целата борба и на крај изедначи противникот, но судиите гласаа и му ја дадоа борбата на Италијанецот. Со сигурност тврдам борбата му припадна на Стефан, но судиите одлучија. Стeфан е најмладиот сениор на првенството и е одличен борец. Неговото допрва доаѓа.

Од првиот ден сум задоволен од борбите утре продолжуваме“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко.

Резултати
-84 кг
Димитар Ѓоргиев – Емануел Смолек (Уунгарија) 3-0

-89 кг
 Климент Гроздановски – Али Багирзада (Азербејџан) 3-0

+94 кг
Стефан Михајловски – Марко Кавидеручи (Италија) 1-2

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО