Заборски: Квалитени каратисти ги освоија медалите, очекувам успех и на БП и на ЕП (ФОТО)

makpetrol-dp-juniori-2016

Тренерот на Карате клубот Макпетрол, Бошко Заборски, е задоволен од постигнатите резултати на Државното првенство  за кадети, јуниори и јуниори (У-21) што се одржа вчера во Скопје,  нагласувајќи дека генерално е остварен планот.

makpetrol-dp-juniori-zeni-2016

„За нас е најважно тоа што првите места ги освоија каратисти кои се квалитетни и можеме од нив да очекуваме и добри пласмани и медал, прво на Балканското првенство (Сараево), потоа и на Европското првенство во Сфија. Петар Заборски и Моника Пендаровска се докажани репрезентативци и европски медалисти, тука се приклучи и младата Ангела Мојсовска. Сите тројца располагаат со се што е потребно за да остварат врвен спортски резултат. Од докажаните европски медалисти во младите категории, само кадетот Абдурахим Идризи направи еден мал пропуст и по четвртото коло забележа еден пораз и го освои бронзениот медал. Се надеваме дека тој и сите останати ќе имаат успешен настап на натпреварите кои следуваат и дека ќе бидат дел од националниот тим за најважниот натпревар во 2017 година – Европското првенство во Софија. Сите тие се и државни стипендисти на Агенцијата за млади и спорт“, вели во изјавата за медиумите Заборски.

Каратистите на Макпетрол освоија вкупно седум медали, од кои три златни, две сребрени и две бронзени.

makpetrol-mazi-dp-juniori-2016

Со златен медал се закитија: Петар Заборски У-21 (-75 кг), Моника Пендаровска У-21 (-53 кг), Ангела Мојсовска У-21 (-68 кг), Кристијан Белокоски У-21(-84 кг), Даут Рамадани јуниор (-63 кг), Абдурахим Идризи кадет (-52 кг) и Теа Крстевска кадетка (-47 кг).

Заборски истакнува дека Државното првенство носи најмногу бодови,  кои се од пресудно значење за влез во националниот тим, е највисоко бодуван од страна на КФМ, и затоа има голема важност за избор на македонската национална репрезентација,  која ќе ја претставува нашата држава на Европското првенство во февруари 2017 година во Софија, Бугарија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО