Заборски: Двата најреномирани клуба имаа забележителен настап во Кобург!

Tome Todorovski na pieestal VKF

За настапот на Карате 1 Премиер лигата во Кобург-Германија на нашите каратисти, каде што Томе Тодоровски го освои бронзениот медал по неговото враќање на татмито, а Азис Исмаил и Самир Ќосовиќ имаа забележителни настапи, тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски за ipon.mk изјави:

Bosko i tome vo Koburg

„Имавме забележителен настап на двата најреномирани македонски клубови, Макпетрол и Металург. Ја претставија Македонија во Кобург“.

Makpetrol vo Koburg

Заборски смета дека успехот можел да биде и поголем да не биле судиските изјаснувања, кои обично биле за противниците.

Тренерот на Металург, Гоце Петров, изрази големо задоволство, но и жалење што Исмаил и Ќосовиќ не освоија медали.

Goce i metlurg vo Koburg

„Азис се избори многу стабилно, како и Ќосовиќ. Штета што не совија медали. Иво не се чувтсвуваше и затоа изгуби во третото коло, во спротивно ќе се бореше за еден од медалите“, рече Петров.

Metalurg vo Koburg

  ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО