Форца најуспешна на „Струга опен 2015“

 Funakosi na Struga open

На домашаната карате сцена денес во епицентарот на случувањата беше традиционалниот карате турнир „Струга опен 2015“, кој се одржа по 12 пат. Најуспешна екипа беше Форца-Скопје со 26 медали (11 златни, 10 сребрени и 5 бронзени), па Дрини-Струга, Фунакоши Гичин-Скопје итн.

Златни медали освоија: Дурата Мемети, Сухејб Весели, Арта Буши, Абдурахим Идризи-сите во кати, Арта Буши (кати и кумите), Јусра Адеми, Сајра Морина, Верона Ајдини, женските екипи 2008 и 2005-2004 и машката екипа 2006.

Matej Belistojanoski Struga open

На турнирот настапија 300 натпреварувачи од 46 клуба од 6 држави: Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија и Швајцарија.Abdurahim na Struga opoen 2015

Поголем дел од македонските каратисти од Форца, Ронин, Дрини, Спорт 94, Шогун и другите клубови ја потврдија формата, така што Ронин доминираше во кати, но имаше успех и во кумите. Сепак, екипата на Форца и парираше во повеќе категории, особено до кадетска конкуренција, така поранешниот балканскиот првак и државен првак, Абдурахим Идризи, кој во кати во кадетска конкуренција направи „Гранд атак“ и во три настапи успеа да ги совлада противниците од Црна Гора, Косово и Македонија. Со оваа победа потврди оправдано атакува на најсвисоки дострели со репрентацијата на Македонија, посебно на Светското првенство во Џакарта, Индонезија. Тој се пофали дека настапува во нова оперма „Гранд атак“, која му овозможува конфорност и подобрување на резултатите.

Ronin na Struga open 2015

Ронин одговори со 3 од 3 во кадетска конкуренција жени, однонсо Киријана Камческа, Матеа Талеска, Илина Дамеска и Теодора Талеска си ги поделија медалите по неведениот редослед, а Марија Матракоска (-61 кг) не дозволи изненадување, како и Андреј Бошоски (-60 кг, У-21) и Кристина Каламукоска (ката, 2002), додека Андреј Бошкоски (-60 кг, мажи) го освои третото место.

Меѓу позабележителните каратисти беше и Александар Неделковски од Металург кој освои две злата, и во кати и во борби.

aleksandar-nedelkovski-500

Репрезентативецот Шабан Муртиши не дозволи изнендаување, како и гостинката од Швајцарија, Алма Положани, која е швајцарски шампион. Исто така и младиот прилепчанец Матеј Белистојаноски се покажа пред конкуренцијата.

Следи дополнување со сите резултати…

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО