За Балканското карате првенство репрезентативците ќе треба да си платат речиси по 200 евра

Котизацијата  за учество на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 е 20 евра за една дисциплина поединечно , 15 евра екипно ката и 20 евра екипно кумите, додека сместувањето, исхраната и патувањето за три дена нашите репрезентативци ќе ги чини по 170 евра. Трошоци си ги поднесуваат самите натпреварувачи. Ова е наведено во дописот на Карате федерацијата на Македонија до клубовите кои имаат натпреварувачи на Балканското првенство. 

Да посетиме дека сите освојувачи на медали од Државното првенство се пријавени за Балканското првенство во Дубровник, Хрватска, од 30 ноември до 2 декември, кое ќе послужи за определување на репрезентацијата за Европското првенство во Алборг – Данска, од 8 до 10 февруари.

Средствата за патувањето и сместувањето се уплаќаат на жиро-сметката на избраната туристичката агенција за организација на патувањето.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО