Вердум се враќа по 4 години: Вака го совлада Емилианенко во 2010 година

werdrumkavezhskrin

Фабрицио Вердум во саботата ќе имаат можност да стане (привремен) шампион на УФЦ во тешка категорија. Почетокот на неговиот подем се случи во јуни 2010 година, кога му го нанесе првиот вистински пораз на големиот Федор Емилианенко.

Вердум илезе на борба со Федор како 33 годишен борец, за кој се веруваше дека е многу квалитетен тешкаш, но и дека не е во светскиот врв, а комбинираниот скор во Прајд/УФЦ во тоа време му беше 6-4. Се очекуваше дека Федор Емилианенко ќе има само уште една жртва, кој во борбата влезе со резултат од 31-1. Со еден несреќно загубен меч на почетокот на неговата кариера, за што долго време се пишуваше дека борбата треба да биде прогласена за неважечка.

Сепак , бразилскиот БЏЏ мајстор се искажа таму кај што е најсилен. Федор, во својот познат стил, се оддаде на уривање и брутален „ground n’ pound“, но се чини дека токму тоа е она на што се надеваше Вердум. Во првата прилика го фати големиот Русин во триаголник позиција, а брзо му ја фати и раката, по што извесно време Федор се обидуваше да се извлече, но, сепак, мораше да тапка со шаката.

Оваа борба го лансирашше Вердум во центарот на вниманието, иако веќе во следната борба беше поразен од Алистер Оверем. Серијата од четири УФЦ победи му овозможи да ја нападне титулата. Поразот на Федор му дојде како еден вид на шок, по што нанижа уште два порази и предизвика шпекулации дали е тој навистина енајдобриот тешкаш во историјата. Ова, се разбира, ние никогаш нема да го знаеме, а Вердум има шанса да стане.

 

 

http://youtu.be/5_mZJUeOmdM

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО