Волков му го урна сонот на Волоков за титулата на УФЦ

Александар Волков му го уништи сонот на Алистер Оверем за титулата во тешка категорија на УФЦ. Русинот го совлада „Разурнувачот“ со технички нокаут во втората рунда од главната пресметка на настанот УФЦ Фајт најт 184, што се одржа рано утрово во Лас Вегас, Невада.

Русинот започна многу моќно, задавјќи удар по удар во телото на Оверем. Холанѓанецот одговори со неколку рачни удари. Повредата на лицето на „Разурнувачот“ се отвори малку подоцна.

Волков постојано притискаше и сè си дојде на свое место. Нешто повеќе од 2 минути по почетокот на втората рунда, „Драго“ со успех славеше по силниот арсенал удари што го срушија Оверем на партер. Ова го примора судијата да го прекине судирот.

За Волков, кој е број 6 на ранг-листата во тешка категорија, тоа беше седма победа во УФЦ и втора по ред, по онаа против Волт Харис, која ја забележа во октомври. Русинот сигурно ќе влезе во топ 5 по победата над Холанѓанецот.

Поразот сигурно ќе го однесе Оверем од најдобрите 5. Покрај тоа, неговите соништа за титулата испарија и неговата серија од две последователни победи беше запрена.

УФЦ Фајт најт 184 – Резултати:
Александар Волков го победи Алистер Оверем со ТКО Р2
Кори Сандхаген го победи Френки Едгар со нокаут Р1
Клеј Гвида го победи Мајкл Џонсон со едногласна одлука
Бенеил Дариуш го победи Диего Фереира со едногласна одлука
Данило Маркез го победи Мајк Родригез со завршница Р2
Девонте Смит го победи Џастин Џејнс со ТКО Р2
Керол Роза ја победи Џоселин Вилијамс со едногласна одлука
Лара Прокопио ја победи Моли Мекен со едногласна одлука
Сун Ву Чои го победи Јусеф Зелал со едногласна одлука
Тимур Валиев го победи Мартин Деј со едногласна одлука
Одди Озборн го победи Џером Ривера со нокаут Р1



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО