Пејџ ван Зант заработила 400.000 долари од борбата во БКФЦ

Пејџ ван Зант тврди дека заработила 400.000 долари од нејзината деби борба во БКФЦ 16. Таа го предводеше настанот на организацијата, која се борат со голи раце. Нејзина ривалка во перо категорија беше Брит Харт.

Ван Зант издржа 5 рунди по 2 минути, но загуби со едногласна одлука. По борбата, Харт рече дека Пејџ успеала да и го избие забот. Во едно интервју пред борбата Пејџ изјави дека БКФЦ и платила 10 пати повеќе од УФЦ.

Во најголемата ММА организација, таа земаше 40.000 долари по борба, а сега нејзината сметка во банка ќе се зголеми за 400.000. На оваа средба, Пејџ заработи 40.000 по минута или 80.000 долари по рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО