Волков го нокаутира Вердум (ВИДЕО)

Фабрицио Вердум (23-8-1, 11-5 УФЦ) е нокаутиран во главната борба на УФЦ Фајт најт 127 во Лондон.

Поранешниот шампион во тешка категорија изгуби со нокаут во четвртата рунда од поранешниот шампион на Белатор и M-1 Александар Волков (30-6). Русинот е 4-0 во УФЦ и може да добие борба за титулата во тешка категорија.

Во првата рунда Вердум успеа да го сруши 201 сантиметар високиот Русин и откако се обиде да го отвори со удари во рацете. Волков успева да се подигне 90 секунди пред крајот го погоди со одличен аперкат.

Впечаток е дека првите две од трите рунди му припаднаа на Бразилецот кој во четвртата влезе со речиси целосно затворено десно око. На почетокот на рундата влегува во отворена размена на удари и Русинот го соборува со четири удари, а го завршува со силен удар додека беше на подот.

Јан Блачовиц му се реваншира на Џими Манува за поразот на домашен терен во Краков пред три години. 35-годишниот Полјак го победи пред неговите поддржувачи со едногласна одлука на судиите.

38-годишниот Англичанец доминираше во борбата во стој на почетокот се додека Полјакот не го погоди со лев аперкат и десно кроше, па со десен директ по кој овој паѓа, а Блачовиц се обидува да го задуши, но Манува успева да се извлече. Во втората рунда од оваа многу добра борба, Манува со десен хај кик го погоди Полјакот. Третата рунда се одвиваше во стој се до самиот крај, кога поранешен шампион КСВ го урива Манува и ја потврдува победата.

Дури два меча имаа прекин во последната секунда. Првиот е во воведниот дел на на настанот Пол Крег со сабмишн на секунда пред крајот на третата рунда го победи Магомед Анкалаев, а истото го направи и Леон Едвардс кој со TKO секунда пред крајот го порази Петар Собота.

УФЦ Фајт најт 127:
Александар Волков – Фабрицио Вердум (КО, Р4)
Јан Балчовиц – Џими Манду (едногласна одлука на судиите)
Том Дукјусеној – Терион Вер (едногласна одлука на судиите)
Леон Едвардс – Петар Соботта (ТКО, Р3)

Чарлс Бирд – Џон Филипс (сабмишн, давење од позади, Р1)
Дени Робертс – Оливер Енкамп (КО, Р1)
Дени Хенри – Хаким Даводу (поднесување, гилотина, Р1)
Пол Крег – Магомед Анкалаев (сабмишн, триаголник, Р3)
Кајан Џонсон – Стиви Реј (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Дмитри Сосновски – Марк Годбеер (сабмишн, давење од позади, Р2)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО