Џо Џојс за 38 секунди стигна до новиот нокаут (ВИДЕО)

Откако пред еден месец го нокаутира Рудолф Јозиќ, Џо Џојс и третиот професионален меч го избоксира во Лондон.

32-годишниот, 198 см висок Британец се бореше против 208 см високиот Американец Дони Палмер (9-2-1, 8 КО).

Сепак, височината на Палмер не донесе никаква предност, бидејќи Џојс го заврши по само 38 секунди од борбата.

Џојс следната борба требаше да ја има на 5 мај во воведниот дел на реваншот меѓу Дејвид Хеј и Тони Белју. Промоциите Хајмејкер и Рингстар спортс заедно ја водат кариерата на освојувачот на сребрениот медал од Олимписките игри во Рио 2016.

https://youtu.be/jWvAy3gB2tA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО