Волкановски верува дека Холовеј измислил повреда за да ја избегне пресметката

Александар Волкановски ќе го брани шампионскиот појас во лесна категорија против Кореецот Чан Сунг Јунг на 9 април на настанот УФЦ 273. Тоа ќе биде трета одбрана на титулата за Австралиецот со македонско потекло.

Најпрвин Волкановски требаше да го брани појасот против Макс Холовеј, но Американецот го откажа настапот поради повреда.

Неколку недели подоцна Макс објави дека ја санирал повредата и побарал место како замена во мечот за титулата.

„Макс Холовеј сака да биде борец за замена за борбата што требаше да ја води. Со други зборови, не е повреден. Всушност, не сака да се бори со мене или се надева дека тие би можеле да се борат додека јас се подготвувам за друг борец. Мора да изневеруваш за да кажеш дека си пробал „Не!““, напиша Александар Волкановски во објава на Твитер.

Неговата објава предизвика поделени коментари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО