Реваншот меѓу Џошуа и Усик ќе се одржи во април годинава!

Еди Херн, промоторот на поранешниот светски првак во тешка категорија Ентони Џошуа, кој лани ги загуби шампионските појаси од Украинецот Александер Усик објави дека ребаншот помеѓу двата боксери ќе се одржи во април годинава.

Џошуа загуби на „Вајт Харт Лејн“ во Лондон од Усик со едногласна одлука на судиите после 12 жестоки рунди, па со поразот ги загуби титулите во верзиите на ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО.

„Јасно е дека Џошуа ќе се бори против Усик и таа борба ќе биде во април“, рече Херн.

Засега само неизвесно е каде ќе се одржи борбата, зашто понуди има од сите страни на светот.

„Во моментов прашање е само каде ќе се одржи борбата, зашто имаме понуди од Велика Британија, САД, Блискиот Исток… Јас би сакал да биде во Британија, но ќе видиме“, додал Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО