Волкановски кон Топурија: Ќе му покажам на ова момче дека има различни нивоа во овој спорт (ВИДЕО)

Александар Волкановски се враќа на 18 февруари за да ја одбрани титулата во перо категорија против Илја Топурија, откако не успеа во двата обиди против Ислам Махачев да ја преземе круната во лесна категорија. Тој разбира дека неговиот имиџ доби сериозен удар особено по нокаутот во октомври, но сега изгледа решен да му покаже на Шпанецот дека не случајно има пет успешни одбрани на титулата.

„Едвај чекам да му покажам дека има различни нивоа на овој спорт. Сакам да му ги покажам нивоата на ова дете. Јас сум кралот во оваа дивизија. Ништо нема да ми земе. Доаѓам по твојата нула!“, порача Австралиецот со македонско потекло на својот Инстаграм профил, алудирајќи на статусот на Топурија без пораз.

Во меѓувреме, Илија побрза да го смени описот на своите профили на социјалните мрежи, додавајќи ја победата над Волкановски и прогласувајќи се за шампион.

За околу еден месец ќе дознаеме кое од двете предвидувања ќе испадне точно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО