Фановите се надеваат дека Адесања се подготвува за трилогија со Переира во полутешка категорија (ФОТО)

Минатиот септември, Шон Стрикленд го победи Израел Адесања со едногласна одлука за да го освои појасот во средна категорија.

Тоа беше втор пораз за Стилбендер во последните три натпревари. Имено, во ноември 2022 година загуби од Алекс Переира со прекин во петтата рунда, а потоа лани во реваншот го нокаутираше во втората рунда и ја врати титулата.

Адесања по поразот од Стрикленд најави малку подолга пауза, но набрзо се предомисли и најави дека наскоро ќе им се врати на борбите.

Изгледа дека поранешниот шампион редовно тренирал во последните месеци, а патем ја зголемил и мускулната маса.

Многу фанови се воодушевени од новиот изглед и се надеваат дека Адесања се подготвува за трилогија со Алекс Переира во полутешка категорија.

„Нешто лошо се подготвува“, „Огромно е“, „Адесања ќе се бори со Переира во полутешка категорија на настанот УФЦ 300“, „Переира, внимавај“, се дел од пораките од љубителите на борбата.

А како моментално изгледа Израел Адесања погледнете во неколку објавени фотогрфаии на Твитер:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО