Волкановски и Ортега ќе бидат тренери на ТУФ 29

Александар Волкановски и Брајан Ортега ќе бидат тренери на ТУФ 29, што започнува подоцна овој месец. Веста ја сподели Дана Вајт за ЕСПН. Борбата за титулата во перо категорија меѓу нив борци ќе биде закажана за крајот на ТУФ 29. Минатиот месец тие требаше да се борат на УФЦ 260 во Лас Вегас, но Волкановски беше заразен со Ковид-19 и се повлече од средбата.

Волкановски има скор 22-1 во ММА и доаѓа по две победи над Макс Холовеј. Тој е во серија од 19 последователни победи, а 14 од нив се со завршница. Александар нема пораз 8 години и има 9 победи во УФЦ.

Ортега, пак, има учинок од 15-1-1 во ММА и доаѓа по победата над Чан Сунг Јунг. Ортега беше надвор од терените две години поради повредата што ја претрпе во борбата за титулата со Макс Холовеј.

Сепак, тој се претстави многу добро против „Корејското зомби“ и заслужи уште една шанса. Т-Сити завршува 10 свои натпревари и ќе даде се од себе да си замине со појасот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО