Дастин Пориер потпиша договор за трилогија со Мек Грегор

Поранешниот привремен шампион во лесна категорија Дастин Пориеr потпишаa договор за третата борба со Конор Мек Грегор. Веста ја сoопшти ЕСПН на социјалните мрежи. УФЦ ја соопшти третата борба за УФЦ 264, која е закажана за 11 јули. Нивната средба повторно ќе биде во лесна категорија.

На крајот на јануари годинава го видовме Мек Грегор против Пориер 2 во Абу Даби на островот Јас. На нивната средба Порие го демолира со удари Мек Грегор и го нокаутира во втората рунда. Така, Пориер му се реваншира на Ирецот, кој го нокаутира неколку години порано во перо категорија.

„Озлогласениот“ е ставен на ѕид, а вториот пораз од Пориер ќе биде кобен за неговата кариера. Пориер нема што да изгуби и ќе ја наполни својата банкарска сметка со многу пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО