Волкановски го отфрли четвртиот меч против Холовеј: Во моментов нема смисла

Шампионот на УФЦ во перо категорија смета дека Холовеј е во „незгодна ситуација“.

Макс Холовеј е во прилично неблагодарна позиција во перо категоријата на УФЦ, а во неблагодарна ситуација е и шампионот Александар Волкановски на кого Холовеј му ја чисти категоријата. Ниту еден од главните кандидати во дивизијата не успева да го победи Холовеј, а Холовеј во три наврати не успеа да го совлада Волкановски.

Тоа го остава шампионот во позиција да се бори со борци за кои се знае дека не се најдобри можни предизвикувачи во дивизијата, но тоа е така. Холовеј, исто така, победи уште еден главен предизвикувач минатиот викенд Арнолд Ален, а Британецот имаше 10 победи во 10 настапи на УФЦ, до борбата против Макс.

Впечаток е дека Волкановски и Холовеј ќе мора да се борат по четврти пат, а можеби и пет меѓусебни пресметки до крајот на кариерата. Волкановски не е изненаден што Холовеј сè уште е предизвикувач број еден, но четвртата пресметка меѓу нив нема смисла за Волкановски.

„Му реков: „Бегај од мојата категорија и престани да ги победуваш најдобрите предизвикувачи“. Му кажувам такви работи, но повторно има многу луѓе кои ќе тврдат, како и минатиот викенд: „О, Макс е во пад, заврши, итн“. Им велам на сите само да го чекаат неговиот следен натпревар, а тој повторно се докажа во саботата. Изгледаше одлично“, започна Волкановски за „Мек лајф“, а потоа се осврна на потенцијалниот четврти меч меѓу нив.

„Беше доста тешко да се комплетира трилогијата по 2-0. Многу луѓе се прашуваа зошто го правам тоа, но имаше некаква историја и основа за третиот меч. Но, сега, по нашата трета борба, четвртиот меч нема смисла. Ова е незгодна ситуација за Макс, тоа е сигурно“, рече Волкановски.

Трилогијата имаше многу смисла бидејќи многумина беа убедени дека Холовеј заслужил да победи во втората меѓусебна борба. Но во третиот меч Волкановски победи убедливо со едногласна одлука на судиите и ги зеде сите пет рунди на сите три судиски картони. Волкановски на тој меч се покажа како едноставно подобар борец од Макс Холовеј, но Холовеј упорно наоѓа нови можности да атакува на титулата. Ако Макс постигне уште една победа против предизвикувач од топ 5, никој не може да тврди дека не заслужува уште еден напад кон титулата.

Можеби е време еден од двајцата да ја напушти таа класа по тежина и да се обиде во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО