Волкановски до Сехудо: Замислете што можам да му направам на некој двојно помал од мене!

Откако Хенри Сехудо стана четвртиот борец во УФЦ кој држи две титули во различни тежински категории во УФЦ, негвоите апетите пораснаа и најави дека сака да оди уште една категорија повисоко и да биде шампион на дури три категории.

Арно ама, тоа го засега и нашиот Александар Волкановски кој живее во Австралија, затоа што тој е во врвот на категоријата до 57 килограми и по победата над Хозе Алдо се очекуваше да биде предизвикувач за титулата, но во УФЦ имаат други планови. Тој во последно интервју се осврна на желбите на Сехудо за освојување на појасот во неговата категорија.

„Остани таму каде што си, Хенри. Искрено, тоа што тој го направи е неверојатно. Дури и предвидов дека ќе го победи Мораеш. Не очекував дека ќе има толку проблеми во текот на борбата. Можеби повредата на ногата му создаваше одредени проблеми, но, во целсот, добро е за него што победи. Сепак, да се преселиш во нашата категорија до 57 килограми, треба да бидеш брз во неа и силен како ѕвер. Исто така, категоријата е пренатрупена со многу силни момци и не верувам дека тој сака да се соочи со некој од нив“.

Александар ја коментираше и евантуалната борба со Сехудо.

„Тој ќе биде многу пократок од мене. Видовте што можам да направам против многу повисоки борци од мене. Замислете што можам да му направам на некој двојно помал од мене“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО