Васо Бакочевиќ го помина мерењето пред утрешниот прв реванш (ВИДЕО)

Васо Бакочевиќ – Психопат е еден од најпопуларните борци во регионот, а викендов ќе го има првиот реванш во кариерата. Тој утре ќе се бори против Полјакот Мациј Јевтушко на Fight Exclusive Night 25 во Полска. Оваа полска организација се повеќе напредува и се доближува до најдобрата полска, но и европска организација КСВ.

Првата борба ја имаа во 2014 година, кога Васо беше подобар во првите две рунди и навистина доминираше, но во последната рунда беше изненаден со пуш кик и беше поразен со нокаут. Васо во своите последни 12 мечеви има 11 победи, неговиот последен пораз е од Корешков во Белаттор. Во моментот борецот од Црна Гора е во далеку по добра форма и е апсолутен фаворит.

Борбата ќе се одржи во категоријата до 77 килограми.

Тие денска успешно го минаа мерењето.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=668098560305414&id=568091416972796
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО