Во ТКД Тигри задоволни од 10-те медали и третото место (кадети) на „Скопје опен 2018“ (ФОТО)

Во Таеквондо клубот Тигри од Скопје се задоволни од остварениот успех на Меѓународниот турнир „Скопје опен“ изминатиов викенд, бидејќи со 14 натпреварувачи (12 во најсилната А класа) освоија 5 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали.

Тигри го освои високото трето место во конкуренција на кадети/кадетки А класа (12-14г) веднаш зад Гладијатор од Дупница, Бугарија и Тим Ниш од Србија, а е четврти во конкуренција јуниори/јуниорки А класа (15-18г).

„За само еден поен не го освоивме третото место и уште еден клупски пехар“, велат од клубот, додавјќи дека остварените успеси се во конкуренција на 38 клубови со 530 натпреварувачи од 7 земји.

Во јуниорска А класа конкуренција учествуваа:
Мила Рељиќ (-68 кг) – златен медал
Ања Пејиќ (-63 кг) – сребрен медал
Александар Петровски (-59 кг) – бронзен медал
Ѓорѓи Настески (-68 кг)

Во кадетска А класа конкуренција учествуваа:
Андреј Кузевски (-61 кг) – златен медал
Дарко Стевковски (-57 кг) – златен медал
Михаило Рељиќ (-57 кг)  – сребрен медал
Александра Крстиќ(-51 кг) – бронзен медал
Андреа Крстиќ (-37 кг) – бронзен медал
Виктор Петковски (-45 кг)
Марко Лазаревски (-33 кг)
Лука Давиктов (-33 кг)

Во второрангиранта Б класа клубот настапи со 2 свои натпреварувачи:
Милена Блажевска (кадетки – 44кг) – златен медал
Петар Ивановски (кадети +65кг) – златен медал

Во оваа категорија клубот заврши на високата втора позиција, вели тренерот Александар Ефтимов, нагласувајќи дека Петар ги декласирал тројцата противници со технички нокаути уште во првата рунда со повеќе од 20 поени разлика.

„Со овие резултати клубот докажа дека е најдобар кадетски клуб на ова натпреварување од Македонија, каде без каквабило финансиска помош од Македонската таеквондо федерација и Агенцијата за млади и спорт, клубот прави одлични резултати и на меѓународно ниво. Имено, на последните 2 рангирања (декември 2017 и март 2018) клубот не беше рангиран во првите пет најдобри клуба и не доби никаква финансиска или каквабило помош за развој на таеквондо спортот во Македонија. За идното рангирање, кое се очекува во блиска иднина, очекуваме дека ќе бидеме рангирани во првите пет клуба“, вели Ефтимов.

Тренерите Ефтимов и Каранфиловски, а пред се, родителите на децата, се надеваат дека во иднина ќе се овозможи на нивни членови да учествуваат во националниот тим за Мултиевропските игри на почетокот на јуни што ќе се одржат во Бугарија, како и на Медитеранските игри на крајот на јули месец во Шпанија.

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО