Во Самобор од петок до недела се одржува традиционалното 31. Kарате Гран при Хрватска. Големиот одзив на натпреварувачите го прави еден од најсилните турнири во Европа.
На овогодишното натпреварување пријавени се 1.800 каратисти од 25 земји, од кои 38 се од Македонија од 11 клуба. Клубови кои ќе настапат од нашата земја се: Макпетрол со 10 натпреварувачи, Чоле 3, Цветан Димов 1, Олмпик спорт 9, Кизаме 4, Штип 2, Ускана 1, Ринија 2, Куштрими 2, Фати 2 и Ботони 2.
На турнирот ќе учествуваат натпреварувачи од 300 клубови, кој гарантира квалитетни и возбудливи три дена.
Натпреварот ќе се одржи во спортската сала Самобор, а организатор на турнирот е Карате клубот Самобор.
Турнирот започнува во петок во 13:00 часот, а продолжува во сабота и недела, а натпреварите почнуваат во 9:00 часот.
Во сабота ќе настапат јуниори, помлади сениори и сениори во борби, а в недела ќе има борби за кадети, како и борби и кати за деца.
„Минатата година турнирот се одржа во март поради пандемијата, а потоа беше одложено ЕП за кадети, јуниори и помлади сениори. Ни одговараше, со оглед на тоа дека закажувањето во третиот месец беше навистина добар. На турнирот дојдоа многу натпреварувачи, имаше голем налет и сите едвај чекаа да се одржи квалитетен натпревар“, вели Дарко Шимунец, главен тренер на Карате клубот Самобор и продолжува:
„Тогаш имавме голем број на натпреварувачи. Европското првенство во шестиот месец ни донесе вицешампион, па лани беше многу добра. И се надевам дека ќе биде уште подобро сега кога се вративме во нормален ритам“.
Минатата година година каратистите на Макпетрол освоија три медали – 1 златен Стефан Стојановиќ и 2 сребрени Јована Мицовска и Данило Божовиќ. И Олимпик спорт освои три медали – 2 златни, Матеј Белистојаноски и Марија Милева, а Андреј Ангеловски се закити со сребро. Всушност, Белистојаноски освои уште едно злато кое беше заведено на матичниот клуб Спорт 94. Рудина Алиу од Цветан Димов освои сребро.
Гледачите особено ќе ги интересира натпреварот во отворената категорија во борби, во која лани настапија 68 каратисти, а победи Боран Берек. Годинава пристигнаа околу 40 апликации.
За многу репрезентации тоа е последен тест пред Европското првенство за кадети, јуниори и до 21 година кое на почетокот на февруари се одржува на Кипар.