Данило Божовиќ и Јована Мицовска со одлични борби до сребра на Гранд при Кроација

Јуниорите на Макпетрол Данило Божовиќ и Јована Мицовска прикажаа одлични борби во попладневниот дел на Меѓународниот карате турнир Гранд при Кроација во Самобор, Хрватска, освојувајќи сребрени медали.

И Божовиќ и Мицовска извојуваа по четири победи до финалето. Но можеби тремата влијаеше на резултатот во финалните средби. Сепак, покажаа дека располагаат со квалитет за меѓународната сцена, така што на официјалните првенства може да очекуваме добри резултати.

Резултати
+76 кг јуниори
Данило Божовиќ – Пасквале Растиело (Италија) 8-3
Данило Божовиќ – Тони Чутура (Хрватска) 3-1
Данило Божовиќ – Ловро Ленац (Хрватска) 1-0
Данило Божовиќ – Јан Катанец (Хрватска) 4-0
Финале
Данило Божовиќ – Михаило Василиќ (Србија) 0-2

Во оваа категорија вториот преставник на Макпетрол, Витомир Трајковски, во борбата за бронзата загуби од Жолт Бенко 1-4.

-59 кг јуниори
Јована Мицоваска – Доротеа Липцеј (Унгарија) 5-2
Јована Мицоваска – Федерика Десте (Италија) 3-0
Јована Мицоваска – Венета Стоименова (Бугарија) 7-0
Јована Мицоваска – Софија Јанкулеску (Унгарија) 1-0
Финале
Јована Мицова – Ирене Мартурано (Италија)1-5

Каратистите на Макпетрол освоија 3 медали – 1 златен и 2 сребрени.

Златниот медал го освои Стефан Стојановиќ во У-21 во + 84 кг.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО