На Стипе Миочиќ му понудиле борба против Џон Џонс: Не знам зошто не ме избраа

Американско-хрватскиот ММА борец Стипе Миочиќ потврди дека сака повторно да се бори. Имено, последната борба на Стипе беше во март 2021 година, кога го загуби шампионскиот појас на УФЦ во тешка категорија против Френсис Нгану.

Откако Нгану и УФЦ не успеаја да се договорат за продолжување на соработката, промоцијата го ослободи шампионското место и договори меч меѓу Џон Џонс и Сирил Гане.

За тронот во тешка категорија ќе се борат на 4 март во Лас Вегас.

Минатата година многу се зборуваше за можна пресметка меѓу Миочиќ и Џонс за појасот на привремениот шампион, но ништо од тоа.

Имаше многу шпекулации дека Стипе се пензионира и нема намера да влезе во октагонот.

Но, американско-хрватскиот борец како гостин во емисијата ММА Час изјави дека сака повторно да се бори во УФЦ и откри дека бил во преговори да се бори со Џонс за испразнетата титула.

„Преговаравме, не знам што се случи, го сакаа Сирил. Бев подготвен, но не сум јас тој што ги договара натпреварите, па не знам зошто не ме избраа мене“, изјави Стипе Миочиќ.

Тој неодамна ги демантираше гласините дека се повлекува со порака на Твитер:

„Ми се допаѓа – 4 март. Победникот ме чека во јули“.

А Џонс, еден од најдобрите борци во историјата на ММА, изјави дека мечот против Миочиќ би му значел повеќе.

„Борбата што најмногу би ми значела би била против Стипе Миочиќ. Тоа би бил вистинскиот меч за мене, со оглед на тоа што Стипе е најголемиот тешкаш на сите времиња“, изјави Џон Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО