Петар Јан се враќа во октагонот против големиот Мераб Двалишвили кој е во победничка серија од осум борби

Најголемата светска ММА организација договори борба во бантам категорија меѓу Русинот Петар Јан и Грузиецот Мераб Двалишвили.

Нивната борба треба да биде насловна на УФЦ Фајт најт 221 на 11 март во Лас Вегас.

Јан се враќа во октагонот по поразот од Шон О’Мели.

Рускиот борец загуби со поделена одлука, а по мечот се закани дека ќе го напушти УФЦ. Но, тоа не се случи и сега го чека нов предизвик.

Во последните четири настапи има три порази. Последните два меча лани ги загуби со поделена одлука, во реваншот за појасот против шампионот Алџамејн Стерлинг и оној против Шон.

Двалишвили е во одлична форма со осум победи во низа. Минатиот август грузискиот борец со едногласна одлука го победи Хозе Алдо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО