Џонс призна: Стипе Миочиќ е најголемиот тешкаш во историјата

Борбата меѓу Џон Џонс и Сирил Гане за шампионскиот појас во тешка категорија ќе биде главнa на настанот УФЦ 285 на 4 март во Лас Вегас.

Френсис Нгану го напушти УФЦ, па шампионската титула во тешка категорија остана празна.

Ќе поминат три години од последната борба на Џонс кога го победи Доминик Рејес и ја освои 11-та шампионска титула во полутешка категорија.

Еден од најдобрите ММА борци на сите времиња тогаш реши да оди во повисока категорија. Фановите со нестрапление го чекаат неговото деби меѓу тешкашите.

Во едно од последните интервјуа зборуваше за своите планови…

„На добро место сум, повторно ме забавува ММА. Многу размислувам за новата категорија и не спијам добро, тензијата ме држи подготвен. Чувствувам дека нешто ќе се случи, а тоа ми недостасуваше во последните неколку борби во полутешка категорија. Тогаш тоа ќе беше само уште еден работен ден, но ова е поинаку. Притисокот е добар“, рече Џон Џонс и додаде:

„Ќе беше добро да го земам појасот од Френсис Нгану. Но, борбата која најмногу би ми значела би била против Стипе Миочиќ. Тоа би бил вистинскиот меч за мене, бидејќи Стипе е најголемиот на сите времиња во тешка категорија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО