Во Ниш се открија малите тајни на големите мајстори на боречеките вештини на Големиот балкански карате семинар (ФОТО)

Големиот балкански карате семинар во Ниш откри мали тајни на големите мајстори на боречеките вештини – карате и џиу џицу. Акомулаторите се наполнија со нови мали нешта кои ја прават вештината помајсторска, а посебен шмек му даде присуството на поранешниот голем карате шампион на поранешна Југославија Небојша Куртиќ.

Сепак, шихан Тони Петров, сенсеи Зоран Пејов и домаќинот сенсеи Милан Ѓокиќ добија инспирација да ги пренесат своите вештини на присутните каратисти и џиу џицу вежбачи.

Петров работеше техники за контрола на растојанието и значењето на „гипс“ и реактивните моменти; формирање на енергијата на ударот; работа со оските на телото и користење на гравитацијата.

Првата и втората техника се нови моменти во каратето, така што сите оние што беа на семинарот се побогати, а другите може да жалат што ја испуштија оваа прилика.

Една од посебните техники беше онаа за контрола неријателот/противникот со kansetz вазна, истовремено почитувајќи ги принципите на каратето.

„Каратето се изгуби. Спортот се развива. Но, загуби каратето. Комерцијалноста и лесното ги однесоа вистинското и тешкото. Неучествувањето на семинари, туку само на натпревари, доведе до заспивање на сетилата“, вели шихан Тони Петров, карате и џиу џицу мајстор.

Сенсеи Зоран Пејов беше посветен на основните техники на кумите, техники за развивање на експлозивноста, техники на чистење, техники на таи сабаке ,како и техники на вертикална и хоризонтална дистанца. Тактика на напад и тактика на одбрана.

„Демонстрирав и техники на гоносен,таиносен ,сеносен, сенсеносен. Исто така, работевме и доста ментални вежби, како и вежби за подобрување на фокусот при изведбата на борбените техники“, нагласува Пејов.

Милан Ѓокиќ, кој беше домаќин на семинарот вели: „Концептот на Казе Ха карате што го демонстрирав или традиционалното карате, како и фудокан карате, е каратето од кое луѓето се оддалечиле и заради тоа се изгубиле. Сега на помладите генерации им е туѓ, но во во исто време мистичен и привлечен. Интересно е дека постарите каратеки и одоговара поради систематиката и аналитиката. Методологијата на работата е базирана на реалноста. На реалноста на еден удар или неколку удари. Тука нема скокање и поради тоа е интересно за постарите (може да го изведуваат, не им пречи на колковите и колената), но заради скокањето е непрепознатливо за помладите популации. Бидејќи не го препознаваат таквото карате, пионерите и постарите пионери се одлучуваат за спортското/натпреварувачко карате. Оние кои си даваат шанса на себе, остануваат малку подолго, гледаат дека ова е карате што служи за самоодбрана и кое е моќно. Тоа бара смиреност, време и посветеност. Се се испрепелтува и се е нераскинлива целина. Кихон, ката, кумите. Се се вежба и сè мора да се дополнува. Мојата работа беше концентрирана на ова. Посветување и презентирање на оските, основите, на кои сè се надоврзува. Реалноста на блокот и контраударите никогаш не е поврзана со идејата за поен, туку со тоа дали може да му наштети на противникот или не. Затоа сегментот на моите тренинзи е благодарен за старите лица кои вежбаа и разбираат; или на позрели практичари кои ја разбираат поентата, како и оние кои го знаат за значењето не само на традицијата, туку и на симболиката на изворот. Со вакво карате, со овакви техники и пристап, можно да истрае и да се практикува карате-до многу долго време.

Задачата што си ја поставив на себе е токму оваа. Враќање на вредноста на боречките вештини, а не игри за градинка и предучилишна возраст“.

Големиот балкански карате семинар е со заложба – пат на мирот и љубовта, толеранција, разбирање и регионална соработка. Да се надминат разликите, да се биде пример на сите. Да се покаже дека ги има каратистисте. Практикувајќи го со нас (мајсторите-н.з.)  традиционалното карате – до, спортското карате, џиу џицу и самоодбрана.

Идејата е со заедничка соработка да се изградат спортисти кои балканските земји ќе ги претставуваат на Олимписките игри во Париз 2024 (ако го има на листата на спортови на Игрите) и соработка со Францсуката карате федерација. Оваа врска се гради преку нашиот мајстор кој живее и работи во Франција, Стојан Стојанов, роден кавадарчанец.

Од друга страна, има се повеќе земји кои сакаат да се приклучат на оваа благородна идеја.

Совите вештини и знаеења на учесниците на Големиот балкански карате семинар ги пренесуваат инструкторите шихан Тони Петров од Бугарија – 7 дан, сенсеи Зоран Пејов од Македонија – 5 дан и шихан Милан Ѓокиќ од Србија – 7 дан, а сенсеи Ранко Вукотиќ (5 дан) од Црна Гора.

Годинава семинарот почна од Софија на 22 и 23 март, а продолжи во Скопје – Македонија 12 и 13 април и Ниш – Србија 7 и 8 јуни, а завршува во Будва – Црна Гора 20–23 јуни.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО