Чаел Сонен: Рајан Бадер не вреди и не може да продава

Чаел Сонен се враќа во кафезот и ќе се бори против Лиото Мачида во поднасловната борбана Белотор 222, што ќе се одржи утре во Медисон сквер гарден. Битката меѓу двајцата ветерани е во полутешка категорија и може да даде предизвикувач за титулата против двојниот шампион Рајан Бадер. „Американскиот гангстер“ ќе мора прво да се справи со „Змејот“, но веќе гледа на борбата со Бадер и мисли дека Рајан е непознат и не вреди:

„Борбата меѓу мене и Мачида ќе биде за неприкосновен предизвикувач за титулата, но исто така ме става во чудна положба. Обично треба да го следиш шампионот во категоријата. Ова е главното правило во животот, како и во борбите. Рајан Бадер не вреди и не може да продава.

Луѓето не го познаваат и тој треба да ми се моли, ако сака да се борам со него. Сега улогите се целосно заменети. Тој треба да се моли на мене, за да се борам со него. И двајца имаме историјат. Не ми се допаѓа Рајан Бадер. Сакам да бидам шампион, но не знам дали сакам да му направам услуга“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО