Дилон Данис: Јас сум едно ниво над сите во ММА

Дилон Данис има само една борба во ММА, но тој се смета како најголемо име во овој спорт. Утре ќе ја има втората битка во ММА и ќе се соочи со Макс Хамфри на Белотор 222 во Медисон сквер гарден.

Неговиот противник Хемфри е со скор 3-2 во ММА, но Данис нема да го потцени и верува дека гледа предизвик во него. „Ел Џеф“ е подготвен за пресметка и мисли дека е едно ниво над сите во ММА.

„Макс е предизвик за мене, бидејќи има поголемо искуство. Има околу 16 MMA борби во аматерска и професионална конкуренција. Мислам дека секој има повеќе искуство од мене. Сите мислат дека сум со скор 15-0 или 30-0 поради мојата популарност, но јас во ММА сум со скор 1-0. Верувам дека тој има само искуство, но тоа нема да му биде доволно. Јас сум на различно ниво од сите во ММА. Мислам дека нема кој да се мери со мене и со мојата психологија во борбата.

Ќе ви покажам. Ќе продолжам да се искачувам нагоре и еден ден ќе се борам за титулата. Ќе дојде време кога ќе речам дека сум видел сè во борбата. Гледам борци што почнуваат пребрзо, но, и брзо паѓаат. Погледнете го ова момче Арон Пико, кој доаѓа по пораз со нокаут. Да те нокаутираат, дефинитивно е лошо за мозокот. Не треба да допушташ такви нешта, ако сакаш да се бориш“.

https://www.instagram.com/p/Byn1g71FaFI/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО