Во недела во Куманово се одржи 5.коло во Првата и Младинска бокс лига

Во недела во Куманово ќе се одржи 5.коло во Првата и Младинска лига во бокс на Македонија.

Почетокот на борбите е закажан во 14 часот во СОУ „Перо Наков“.

Инаку, БК Куманово и Боксерската федерцаија  есенва ќе биде домаќини на повеќе настани, па така на 7 октомври ќе се одржи коло од Балкан опен.

Ианку, по 4.коло на Првата и Младинската лига на лидерските позиции сe Универзалци во Првата и Фамилија Демирови во Младинската.

Универзалци собраа 35 поени пред Синди со 31 и Куманово со 16. Фамилија Демирови со 36 поени ја предводи Младинската лига, а го следат Ас со 27 и Алексо Огненовски со 22.

Да потсетиме, актуелни шампиони се Универзалци во Првата лига и Ас во Младинската. На Универзалци титулата ја освоија со 73 поени, а Ас со 80.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО