Тајсон Фјури: Сакам боксерски меч со Џон Џонс

Боксерската легенда Тајсон Фјури сака да се фокусира на други цели во кариерата бидејќи верува дека веќе има постигнато се во рингот.

„Џипси кралот“ имаше многу успешна боксерска кариера, без пораз во 34 професионални борби и ја освои секоја голема титула во тешка категорија. Тој неодамна во интервју за Квинсбери промоушнс изјави дека сега си поставил нови цели.

Фјури ќе се сретне со поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану во боксерски меч на 28 октомври во Ријад, Саудиска Арабија. По оваа борба планира ММА реванш со Нгану или боксерски меч со ММА легендата Џон Џонс.

„Имам нови цели, така што сите се заебани. Сакам да се најдам на врвот на листата на Форбс како најплатен спортист на годината. Сакам да снимам холивудски филм. Ја завршив боксерската кариера, тоа е тоа, готово е.

Се надевам дека ќе го поминам Нгану и потоа ќе имам реванш во ММА. Ако не, тогаш сакам бокс меч со Џон Џонс. Направив се што требаше да направам во боксот.

Ја освоив секоја титула што треба да се освои. Непоразен сум петнаесет години, двократен непоразен шампион“, рече Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО